Членовите на Надзорниот одбор (НО) на Стопанска банка АД Скопје се компензираат само со фиксен надомест, одобрен од Собранието на акционери, со цел да се минимизира каков било судир на интереси помеѓу контролата и управувањето со Банката, стои во годишниот извештај на Банката, објавен на Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари.
-Претставници на акционерите во согласност со Одлуката на Управниот одбор на Националната банка на Грција (НБГ), сите службеници од НБГ С.А. Атина кои учествуваат во Надзорниот одбор на Банката како претставници на акционерите не добиваат “надоместок за членство”.
Информациите за нагрдувањето што го добиваат како вработени во НБГ С.А. Атина се сметаат за доверливи и не може да се објавуваат.
Независните членови имаат право на надомест во нето износ од 400 евра на месечна основа за нивно учество во Надзорниот одбор и нето износ од 100 евра (за претседателот) и нето износ од 50 евра (за членовите).
Проф. Филиповски добива надоместок од 100 евра нето износ на месечна основа за неговото учество во Одборот за ревизија.
Врз основа на плата и надоместоци од плата како вработени на Економскиот факултет во рамки на универзитетот Кирил и Методиј – Скопје: проф. Филиповски примил бруто износ од 1.668.809 денари (годишно), додека пак – проф. Ќосев примил бруто износ од 1.337.946 денари (годишно), стои во извештајот.
Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје се состои од седум членови, од кои двајца се независни, со утврден мандат од четири години, а ги именува Собранието на акционери.
Составот на Надзорниот одбор во 2022 година е следен: Маринис Стратопулос, претседател на Надзорниот одбор, генерален извршен директор на НБГ Кипар ДОО, Христодолу Христодулос, член на Надзорниот одбор, генерален финансиски директор, Национална банка на Грција С.А. Атина,. Димитра Гудуфа, член на Надзорниот одбор, директор на Секторот за стратегија на Групацијата, Национална банка на Грција С.А. Атина, Јанис Кајулис, член на Надзорниот одбор, раководител на Секторот за култура на ризик и канцеларија за проектен менаџмент за ризици на Групацијата, Национална банка на Грција С.А. Атина, Владимир Филиповски, независен член на Надзорниот одбор, професор, Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје и Сашо Ќосев, независен член на Надзорниот одбор, професор, Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На двајца членови на Одборот на директори на Макстил лани исплатени 9,6 милиони денари
На менаџментот на Гранит лани исплатени 65,6 милиони денари