Учеството на трошоците на сателитските телевизии, 24, Сонце и Наша, во вкупните трошоци на комерцијалните телевизии во Македонија лани изнесувало 8,87%. Средствата коишто заедно ги потрошиле сателитските телевизии минатата година изнесувале 125,85 милиони денари, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.
“Во секоја од последните пет години, највисоки трошоци прикажувала ТВ 24 Вести, која во споредба со претходната година ги зголемила трошоците за 19,52%.
Најниски трошоци во анализираната година прикажала Наша ТВ (13,86 милиони денари).
77,72% од трошоците биле директни трошоци за создавање на програма, кои ги опфаќаат материјалните трошоци, трошоците за набавка на програма, нематеријалните трошоци – услугите и платите и другите надоместоци за лицата директно поврзани со производство на програма
Највисок трошок сателитските телевизии имале за плати и надоместоци на лица директно поврзани со производство на програма (49,79 милиони денари), од кои 83,51% бил трошокот за плати на ТВ 24 Вести.
Материјалните трошоци учествувале со 23,52% во структурата на трошоците на овие три телевизии. Речиси целиот трошок по овој основ (99,16%) бил исто така на ТВ 24 Вести“, стои во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сателитските телевизии најгледена 24 ТВ
Колку вработени има во телевизиите 24, Наша и Сонце?
Телевизиите 24, Сонце и Наша лани во минус
Колкави приходи лани оствариле телевизиите 24 Вести, Наша и Сонце