Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата, денеска министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата, информираат од Министерството за здравство.
По состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:
– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 05 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 05 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 05 часот наутро.
“Дополнително на состанокот, на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките“, информираат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје
Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 145
Фото: Град Скопје