еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Косово конечно ќе добие Влада

Се чини дека привршува постизборната голгота на Косово откако партиите Самоопределување на Албин Курти и Демократската лига на Косово на Иса Мустафа постигнаа договор за формирање Влада.

Неофицијално, новата влада ќе има 15 министерства, од кои шест ќе припаѓаат на Самоопределување, шест на Демократската лига на Косово, две ќе бидат од Српска листа, како резултат на уставна обврска доколку владата има повеќе од 12 министерства, а едно министерско место ќе биде за малцинските партии.

Собраниската седница за гласање на новата Влада е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на Самоопределување, Албин Курти. Собраниското претседателство ја закажа понеделничката седница за во 11 часот.

Во Косово со месеци не можеше да се формира влада. На вонредните парламентарни избори на 6 октомври победи Самоопределување со освоени 26,27, додека Демократската лига на Косово беше втора со 24,54 отсто од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Екстремист што се заложи за Албанска федерација: Кој е новиот косовски премиер Аљбин Курти?

(Видео) Голема победа на опозицијата на Косово: Црвен картон за Рамуш Харадинај и Хашим Тачи

Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ прва, ДУИ втора, СДСМ трета според 70,24% обработени податоци на ДИК

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цените на другите горива не се менуваат

Редакција

Една петтина од основците живеат во сиромаштија

Редакција