еМагазин
Бизнис

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

Министерот за трговија и индустрија во Владата во оставка на Косово Ендрит Шаља денеска наложи забрана на увозот на компири и мед од Северна Македонија, како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово.

Во соопштението на Министерството се вели дека се работи за „преземање реципрочна мерка кон Северна Македонија“, како и дека Царината на Косово се обврзува мерката да почне да ја спроведува веднаш.

Министерот Шаља во изјава за порталот „Газета експрес“ порача дека „мерката стапува во сила денеска и ќе остане се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат“ нивната одлука за увоз на риба за порибување од Косово.

„Можам да потврдам дека денеска донесов одлука за воведување на мерката на реципроцитет за Северна Македонија. Јас му се обратив со официјално писмо на мојот македонски хомолог за да ја преразгледа одлуката за забрана на увозот на риба за порибување во Северна Македонија. Меѓутоа македонските власти тоа не го направија, така што ние сме принудени на тие мерки да одговориме со реципроцитет“, изјави Шаља.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово, подготвени сме за разговор со факти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста

Редакција

Лидл купил парцела во Драчево, две во Охрид и по една во Струмица и Гостивар

Редакција

Дијаспората може да инвестира во македонските компании и да придонесе за економскиот раст, вели Костадиновски

Редакција