еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против полицаец: Примил поткуп за да не напише сообраќајна казна

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т., полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, осомничен за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Од МВР денеска информираа дека пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Колони граѓани пред банките во Струмица за да ја подигнат државната помош од 6.000 денари

Редакција

Драма во Скопје: Седуммина ги нападнале во нивниот дом

Редакција

36-годишен затвореник пронајден мртов во затворот Скопје

Редакција