еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за скопјанецот осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

СВР Скопје вчера поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Џ.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик.

– Имено, на 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите, соопштија денеска од МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, се подвлекува, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за убиството во казиното: Пукал, па во глава го удирал со кундакот од пиштолот, се трага по сторителот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Скопско ја лансираше новата кампања во соработка со маестро Симон Трпчески

Редакција

Фотографирањето заврши, Македонија вистински преговори ќе почне кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Петре Димитров

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!

Редакција