Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Т.(51), О.А.(37), Н.П.(38) и М.Т.(54), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.
Во период од 25.12.2015 година до октомври 2016 година, пријавените, како вработени во Министерството за економија – Биро за метрологија, овозможиле да бидат легализирани патнички возила и покрај тоа што не ги исполнувале условите предвидени во член 24 од Законот за возила.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.