еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Kонститутивната седница на Собранието на 28. мај, ќе ја води највозрасниот пратеник

Kонститутивната седница на новиот состав на македонското Собранието ќе биде на 28. мај во 11 часот, информираа од Собранието.

Како што информираат од таму, во согласност со Деловникот, со конститутивната седница до изборот на новиот претседател треба да претседава највозрасниот по години пратеник. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Орбан нападнат во Европскиот парламент

Редакција

Светска банка: Корона вирусот може да го зголеми бројот на сиромашни во Македонија до 130.000 лица

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му овозможи на Мијалков да побегне

Редакција