Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат од ТАВ Македонија.
„Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.
За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници да ја следат веб-страницата skp.airports.com.mk, каде што информациите за полетувањата и слетувањата, се ажурираат во реално време.
Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Летовите не се откажани, но сообраќајот моментално е запрен, велат од ТАВ Македонија