еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекарска комора го осуди инцидентот во болницата во Тетово, итно ќе се испита случајот

Лекарската комора најостро го осуди инцидентот кој се случи во болницата во Тетово, од која видео снимка од пациенти беше објавена на социјалните медиуми.

-Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, стои во соопштението на Лекарска комора. 

Оттаму наведуваат дека со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба.

Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес.

Лекарската комора нема да дозволи ваквите изолирани инциденти да бидат на товар на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат и лекуваат пациенти, наведуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Анестизиолог снимаше во живо на Тик Ток пациентки и персонал од тетовската гинекологија, полицијата го приведе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет имиња ќе разгледуваат вечерва Заев и Ахмети како можен консензуален кандидат за претседател

Редакција

МЕПСО склучи договор со ЕСМ Продажба вреден над 1 милион евра

Редакција

Дебакл на Меркел за македонското прашање: Проширувањето на ЕУ преоѓа во рацете на Португалија, па на Словенија…

Редакција