еМагазин
Image default
Македонија

Лекарска комора го осуди однесувањето на докторите од охридската болница кои не и пружија помош на стружанката со корона вирусот

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на вонредната седница одржана на 22.04.2020 година, расправаше за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од с.Татеши Струга со симптоми на Ковид 19, која побарала здравствени услуги.

„Лекарската комора го осудува однесувањето на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи во конкретниот случај тие постапила несоодветно и несовесно со што го имаат нарушено угледот и достоинството на лекарската професија како и моралните принципи, чесност и неопходна преданост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија.

Согласно етичките принципи докторот е обврзан да укажува медицинска помош и да ја покаже својата хуманост на секој пациент кој ќе се обрати за лекарска помош до стручни лица.

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Република Северна Македонија, согласно законските прописи и подзаконските акти, донесоа одлука со која се осудува постапката на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид за неукажување на медицинска помош на пациент со симптоми на Ковод 19 кој се обратил за медицинска помош и покренаа иницијатива за поведување на постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија,“ се вели во соопштението на комората.

Согласно современите доктринарни начела за работа во вонредни услови здравствениот персонал особено докторите имаат посебна положба, но и одговорност.

Затоа, Комората уште еднаш апелира до докторите на медицина и до сите здравствени работници, да се однесуваат како што доликува на докторската професија професионално, одговорно и разумно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболени 214 здравствени работници во Македонија, излечени 25

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675

Редакција

Регистрирани 333 прекршоци за неносење маски изминатите 24 часа

Редакција

(Фото) Во Украина убиени 30 македонски државјани, кои се бореле на украинска страна

Редакција