еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонец загина во сообраќајка во Малта, Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на неговото тело во Македонија

Почесниот конзулат на Малта во Македонија, по добиени информации од медиумите за трагичната несреќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството на загинатиот Мартин Костов.

Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.

Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.

Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна тага, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По бурните реакции, Заев го прекина одморот и се појави во беровско Будинарци

Редакција

Нобеловецот Кругман: Инфлацијата ќе се стабилизира, бидејќи инфлаторните очекувања се краткотрајни

Редакција

Стопанска банка а.д. Битола слави 70 години, верна и посветена на бизнисот и граѓаните

Редакција