еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе, јави дописникот на МИА од Белград.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик

Редакција

Лидил наскоро ќе почне да го гради маркетот во Кавадарци

Редакција

На македонската трпеза во 2019 најприсутни лебот, јајцата, пилешкото и компирот

Редакција