еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија најнесреќна во регионов и на дното во Европа според извештај „Среќата во светот 2023“ на ОН

Од вкупно 137 држави, Македонија се најде на 87 место на новиот извештај „Среќата во светот 2023“ кој го објавуваат Обединетите Нации. Според извештајот, нашата држава е на последното место на Балканот и меѓу најнесреќните држави во Европа.

Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“,  прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто. Секоја година, луѓето низ светот за потребите на оваа анкета одговараат на прашањето каде тие лично сметаат дека се наоѓаат, според моменталната ситуација во животот на скала од 0 до 10.

Од земјите околу нас, најдобро рангирана е Словенија (22 место), Косово (34), Србија (45), Хрватска (48), Грција (58), Црна Гора (67), Босна и Херцеговина (71), Бугарија (77) и Албанија (83).

Во Европа полош резултат имаат само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106).

Извештајот оваа година ги рангираше државите според тригодишен просек, а нашата држава за периодот 2020-2022 година има просечен резултат од 5,254.

Најсреќна држава во светот и оваа година е Финска, која има просечен резултат од 7,804. Зад неа се Данска, Исланд, Израел и Холандија, а најнесреќна држава за 2023 године е Авганистан, со просечен резултат од 1,859.

Помеѓу најнесреќните држави се и и Либан, Сиера Леоне, Зимбабве и Демократска Република Конго.

Извештајот „Среќата во светот“ што ОН го објавува на 20 март – Меѓународен ден на среќата, се објавува 11 година по ред.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу дожд наврна во Тополчани, Струмица и Крушево: И денеска нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Рама им врати на Бугарите: Кренете го ветото или издржете ме!

Редакција

Вработена на студентски прашања крадела пари од студентите на Економски факултет

Редакција