Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд.
На оваа листа Македонија е на 38 место.
Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани.
Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија – на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција. Подолу од македонската држава на списокот се наоѓаат Црна Гора – на 45. место, Грција (60), Босна и Херцеговина (61), а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот.
На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави.
ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.
МИА/Фото: Руско МО