Агенцијата за електронски комуникации го објави годишниот извештај за развојот на пазарот на електронски комуникации во кој меѓу другото е објавен и уделот во (%) на претплатници на ТВ-Услуги поделени по технологии во 2018 година.
Уделот на претплатниците на кабелска телевизија изнесува 51,88%, претплатниците на IPTV имаат удел од 31,80% додека уделот на претплатници на DVB-T и сателитска телевизија изнесува 10,95% односно 5,37%.
Податоците откриваат дека најголемите телекомуникациски оператори во земјава Македонски Телеком и А1(Оне.Вип) водат своевидна мртва трка во однос на бројот на претплатници на ТВ-услуги со процентуален удел на пазарот од 31,51 отсто односно 31,79 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски Телеком има поголем удел од А1 во приходите од мобилна телефонија
А1 каска зад Македонски Телеком на пазарот на фиксна телефонија
А1 и Македонски Телеком во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија
„Македонски Телеком“ ги „шие“ останатите оператори според бројот на претплатници на интернет