еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот клуб во Благоевград сепак ќе се отвори, градоначалникот дал дозвола

Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ ќе се отвори како што беше предвидено на 30. октомври, информираа од Инцијативниот одбор.

Од таму велат дека по скандалозната Декларација на Советот на општината, со која се повика клубот да не се отвара, градоначалникот на крај дал дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Македонската нација е вештачка, Вапцаров е Бугарин“: Што пишува во решението на Советот на Благоевград за забрана на македонскиот клуб

На Декларацијата реагираше и македонското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР со осуда за кфалификациите за македонскиот народ во Декларицијата на Советот на Благоевград

На свеченоста за отварањето се поканети и премиерите на Бугарија и на Македонија, како и амбасадори и други гости.

Основач на клубот е Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а ќе има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот.

Клубот неодамна беше и вандализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште пред да се отвори вандализиран македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на возила вреден 128.000 евра

Редакција

Ердоган: Време е преговорите помеѓу Украина и Русија да дадат конкретни резултати

Редакција

Расчистен воздухот во Битола и Тетово, престануваат да важат мерките

Редакција