еМагазин
Image default
Македонија

Македонското МНР му одговори на руското МНР: Договорот од Преспа не задира во интересите на трети страни

Македонското Министерство за надворешни работи денеска објави реакција на коментарот на руското МНР во врска со усвојувањето на уставните измени, што произлегуваат од Договорот од Преспа, напоменувајќи дека овој Договор не само што не задира во интереси на трети страни, туку суштински придонесува за регионалната стабилност.

-Договорот од Преспа не само што не задира во интересите на трети страни, туку суштински придонесува кон регионалната стабилност, пријателство и соработка и како таков претставува  пример и модел за решавање на отворени прашања меѓу државите, се наведува во реакцијата на македонското МНР.

Македонското министерство, реагирајќи на коментарот на Департманот за информирање на руското МНР, објавен вчера, со жалење констатира дека „и покрај толку горливи проблеми во денешниот свет руската страна повторно во негативен контекст, апострофира автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми, зацврстување доверба и градење пријателство“.

-Измените на Уставот согласно Договорот од Преспа, усвоени во Собранието со целосно почитување на предвидената собраниска процедура и Уставот на Република Македонија, кои ја рефлектираат консензуалната определба на граѓаните на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија добија неподелена поддршка од пошироката меѓународна заедница, како чин на политичка храброст, одговорност и лидерство, со кој се решава долгогодишен билатерален проблем што ги оптоваруваше односите меѓу Република Македонија и Грција, се додава во реакцијата.

Министерството изразува увереност дека иднината ќе ја потврди исправноста на овој пристап, кој претпочита политичко визионерство и лидерство, како и дека придобивките за регионалната стабилност и просперитет ќе бидат прифатени и валоризирани од сите страни, вклучително и од пријателската Руска Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија бара преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

Грција очекува Русија да го употребува новото име за Македонија – Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма

Редакција

Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Редакција

(Галерија) Црвенковски, Ахмети, Иванов и Мицкоски не беа на подигнувањето на знамето на НАТО пред Влада

Редакција