еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи ги за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.

„Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не нужно тие треба да бидат идни земји членки на ЕУ.

Макрон ја повтори потребата за реформа на процесот на преговори со земјите-кандидати и побара тој да биде реверзибилен, односно да може да биде стопиран.

Францускиот претседател посебно ги поздрави напорите на премиерот Зоран Заев за Преспанскиот договор и за уставните измени.

„Тие измени беа дел од барањата на ЕУ, но повеќе земји имаа резерви, не затоа што нема напредок, напредок има, но има некохерентности меѓу другото во однос на миграцијата и почитувањето на одредени правила“, изјави Макрон.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Ништо од датум за преговори за Македонија, против биле Франција, Данска и Холандија

Пендаровски повика на лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лидерот на Алтернатива, Гаши се сретна со Заев во Струмица, поводот за средбата непознат

Редакција

(Фото) Засолништето на планинарите вандализирано: Вреќи песок на грб се носеа за кулата на Титов врв да се направи за поголема безбедност

Редакција

Кичевски „Жито Караорман“ откако го купи Селаудин Арифи доби нов Одбор на директори

Редакција