еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МАН за борбата со лажни вести: Наместо да дава одговори, Владата ќе ги забранува информациите

На прес конференција Владата најави свои акциски план за државна контрола на информации под формален назив – сузбивање дезинформации и лажни вести, реагираат од Македонска асоцијација на новинари (МАН).

“Доколку сака да сузбие лажни вести, Владата може и треба да поработи во сопствениот двор, а нема никакви законски овластувања да контролира вести објавени од медиумите и самата таа да ги оценува дали се лажни не, зависно од тоа дали одговараат на потребите на владата или не.

Доколку некоја вест е лажна, во Македонија постои закон за навреда и клевета и лажно информирање кој е во сила и за што оценка дава надлежен орган – Суд.

Владата нема ингеренции ниту смее да биде судија наместо Судот.

Информациите ги произведуваат комерцијални медиуми (освен јавниот сервис) и тие имаат правна, економска и пазарна одговорност за своето работење. Јавноста одбира кој ја има довербата, а кој не.

Ја повикуваме Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век кога секој граѓанин може да чита вести за Македонија било да е медиумот од Македонија или да се пишува и објавува од било кое друго место во светот“, велат од МАН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

ЗНМ за предлог-планот на Владата за борба против лажните вести: Одредени точки загрижуваат

Детален преглед: Што пишува во акцискиот план на Владата за борба против лажните вести?

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за набавка на струја вреден 224.000 евра

Редакција

Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар

Редакција

Трите лица, меѓу кои и 14 годишно момче, во импровизираниот верски објект во Црвени Брегови, починале од труење со јаглерод моноксид

Редакција