еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

МАНУ: Постоењето на македонскиот јазик е факт, секоја расправа е беспредметна

Постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Во соопштението се посочува дека Претседателството на МАНУ денеска одржа седница на која се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик.

На седницата, како што соопштува Академијата, е заклучено дека Владата треба да им даде поголемо значење и фианнсии на проектите за научно истражување на македонскиот јазик.

– Ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата, соопшти МАНУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е официјалниот став на Бугарија за македонскиот јазик: Што пишува во Декларацијата на бугарскиот Парламент

Твитер се „вжешти“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

(Видео) Игор Џамбазов и Весна Бејби во нивни стил им одговорија на Бугарите за негирањето на македонскиот јазик

Фото: МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев за Дојче Веле: Разговаравме со Спасовски за оставка како морален чин, но не гледам пропуст

Редакција

Не престануваат притисоците и заканите врз Македонците во Пустец за да се пишат како Бугари

Редакција

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Редакција