Моменталниот број на заболени со коронавирусот, според податоци од вчера изнесува 555.
“Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: Скопје (235), Куманово (114), Дебар (49), Прилеп (33), Тетово (28), Струга (24), Штип (19), Кочани (14), Велес (10), Битола (6), Радовиш (4), Гостивар (4), Гевгелија (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Крива Паланка (2), Струмица (2) и Крушево (2).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 65,2 додека во Скопје инциденцата е 35,8 на 100.000 жители“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Еве како моментално изгледа мапата на бројот на заболени на 100.000 жители или каква е кумулативната инциденца по градови низ Македонија:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени здравствени работници во Македонија порасна на 57
(Табела) Нов рекорд на заболени со коронавирусот во Македонија на дневно ниво
Драги политичари, најмалку е важно кој побарал помош од Словенија
Мапа: ИЈЗ/Фото: Општина Крушево