еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен комбинат лани со зголемена добивка

Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 оствари приходи од продажба во износ од 2,459,454 илјади денари што претставува зголемување за 53% споредено со истиот период претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Остварена е оперативна добивка за периодот во износ од 1,543,557 споредено со остварената оперативна добивка во истиот период во 2018 година во износ од 745,118 илјади денари.

EBITDA за периодот 1 јануари – 31 декември 2018 година изнесуваше 1,686,820 илјади денари наспроти остварениот износ од 894,225 илјади денари истиот период претходната година.

Крајниот резултат по оданочување за четвртиот квартал 2018 година е позитивен и изнесува 1,403,557 илјади денари, наспроти остварена добивка за истиот период претходната година од 653,056 илјади денари“, велат од компанијата.

Оперативните расходи за овој период изнесуваат 924,062 илјади денари и се повисоки за 10.32% во однос на истиот период претходната година.

“Зголемени се трошоците за материјали и суровини согласно зголемениот обем на производство и продажба. Исто така се зголемени и расходите за вработените и надворешни услуги. Трошоците за амортизација изнесуваат 140,768 илјади денари и тие се пониски за 0.02% во однос на претходната година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макошпед со добивка од 5,5 милиони денари

Редакција

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година

Редакција

„Макошпед“ оствари добивка од 16,1 милиони денари за девет месеци

Редакција