Не стивнуваат реакциите во јавноста по бегството на поранешниот прв разузнувач Сашо Мијалков, кој „испари“ пред органите на прогонот откако насети дека му се подготвува притвор пред пресудата за големата афера за прислушувањето познат како случај „Таргет-Тврдина“.
Дел од граѓаните со неверување коментираат дека по бегството на експремиерот Никола Груевски, власта сега уште еднаш покажала целосна неспособност и дозволила Мијалков да и избега пред очи. Други пак велат дека станува јасно дека и двете бегства се договорена работа бидејќи е невозможно личности од висок профил како Груевски и Мијалков незабележано да исчезнат и да ја избегнат правдата.
Попусти се сега најавите за истраги и барање одговорност за ова големо фијаско. По бегството на Груевски исто така се најавуваа истраги и одговорност, но буквално никој не одговараше за овој случај.
Со бегството Мијалков и нанесе тежок удар на владејачката коалиција и им направи голема услуга на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски бидејќи ги потврди нивните обвинувања за неспосбноста на власта.
Единствен начин колацијата на СДСМ и ДУИ малку од малку да се „испере“ од овој скандал е да има низа оставки на министерските места во Владата.
Договорено или не, бегството на Мијалков покажа дека во нашата земја правдата важи само за „обичните смртници“ и затоа оставките се единствен начин да се покаже чин на морална одговорност.
Во спротивно, граѓаните ќе го кажат своето на наредните избори, а од тоа корист може да имаат само Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алармантно: Мијалков е трет висок разузнавач во бегство
Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков
(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години
(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците на сајтот на МВР
Фото: Влада