Собранискиот спикер Талат Џефри ги оцени за „апсолутно неточни“ изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека имал доказ за тајните средби на функционери на ДУИ и СДСМ со Никола Груевски или како што вели тој „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“ и дека материјалите на УСБ, ги добиле челници на ДУИ.
„Чиста шпекулација за дневно политичка потреба. Ниту имам потреба да добивам ниту да примам било какво УСБ. Ако има нешто нека докаже. Пред кого сака, пред Господ, пред Алах, пред држава, нека почнат постапка и нека докажат дека Талат Џафери примил УСБ. Чиста шпекулација,“ изјави Џафери за „Телма“.
Мицкоски во интрвју за „Алсат“ изјави дека „можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои што ги добиваа на УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта. Што имаше во тоа УСБ, кои беа документите кои што беа дел од тие пликоа, итн., можеби тие подобро ќе ви одговорат“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“
Фото: Собрание