Во твитот за средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со македонскиот премиер Зоран Заев, не е спомнато ни името на државата од каде доаѓа Заев, ниту пак чив премиер е, што не е случај во известувањата на Мицотакис за средби со други функционери од други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција не е за одвојување на Македонија и Албанија, му кажал Мицотакис на Заев
Го нема ни новото име на Македонија – Северна Македонија, ниту пак придавката македонски, кои се во согласност со Договорот од Преспа.
„Со премиерот Зоран Заев имавме можност да разговараме за можностите за проширување на соработката меѓу нашите земји, особено во областа на економијата и енергетиката, каде што се подготвуваат многу интересни проекти“, напиша во твитот Мицотакис.
Με τον Πρωθυπουργό @Zoran_Zaev είχαμε την ευκαιρία να συζητήσουμε τις δυνατότητες διεύρυνσης της συνεργασίας μεταξύ των χωρών μας, ιδιαίτερα στους τομείς της οικονομίας και ενέργειας, όπου πολλά & ενδιαφέροντα έργα βρίσκονται στο στάδιο της προετοιμασίας. https://t.co/mLOnS66F8v pic.twitter.com/GVsxJ2lae6
— Prime Minister GR (@PrimeministerGR) May 13, 2021
Да потсетиме дека Мицотакис пред да стане премиер, често коментираше јавно дека никогаш од него нема да чуеме: „му посакувам добредојде на македонскиот премиер„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада