еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски направи математика за мнозинство без ДУИ: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил направи математика за парламентарно мнозиство без ДУИ

„Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта.

Актуелната власт е фрагментирана коалиција, каде и во една иста партија различни поединци и групи се раскарани заради тоа што си бркаат свои лични бизнис приоритети и кариери, а власта не ја гледаат како можност за реализација на еден заеднички економски, образовен, социјален и реформски проект, бидејќи го немаат, туку власта ја гледаат како натпревар под мотото “сега му е мајката” во кој секој гледа да добие што повеќе позиции, повеќе тендери во пократко време, повеќе повластици од државата, повеќе влијание во обвинителството, повеќе “свои” судии, повеќе вработени роднини, и повеќе ресурси за газдите на медиумите кои им пишуваат “пофалби”.

Без овие СЕЛОТЕЈП ПРИВИЛЕГИИ, пари и интереси тешко би можеле да ги замислите во еден посериозен реформски концепт заедно еден до друг Данска Тевдовски и Кочо Анѓушев, Мира Дизел и Никола Димитров, Самка Ибраимовски и Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски и Милкие Халими, Хазби Лика и Мухамед Зеќири, Амди Бајрам и Мила Царовска!

И сега откако го завршија проектот редефинирање на Уставот, а не постои заеднички концепт за реформи и напредок на државата, борбата за превласт во власта почна да го кине селотејпот на владината коалицијата.

Затоа сме сведоци на сегашниот коалициски курцшлус во Владата, кој воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” против политичарите од опозицијата, туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта.

Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).

Ова е можно, бидејќи целта е нова распределба на привилегиите од власта, а не нов заеднички концепт за реформи во државата на овие 64 пратеници.

Можеби за почеток ќе побараат и смена на Талат Џафери од првото столче во Собранието? Опозицијата истата со задоволство ќе ја поддржи.

Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зекири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се „скараа“ СДСМ и ДУИ

Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот“

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

Редакција

Зголемување од 11,8%: За една недела 19 смртни случаи од Ковид-19 од 6 градови

Редакција

МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан

Редакција