еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Министерот за поморство на Грција си поднесе оставка поради убиството на патникот од страна на екипаж на Блу хоризонт

Министерот за поморство на Грција, Милитиадис Варвициотис си поднесе оставка по смртта на 36-годишниот Андонис Кариотис, кој беше турнат во море на атинското пристаниште, додека се обидуваше да се качи на траектот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис преку Х (Твитер) ги објасни причините за одлуката и соопшти дека неговата оставка ја доставил до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Меѓу другото вели дека некои негови изјави во изминатиот период биле погрешно толкувани, дека не ги скрил одговорностите што ги има бродската компанија, но и дека во неговата политичка кариера научил да презема одговорност и да не се крие во тешките моменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адонис се качи на брод, фотографија која ја расплака Грција

(Вознемирувачко видео) Екипаж на брод во Грција турнаа човек во морето кој се удави

МИА/Фото: Варвициотис/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен поранешниот директор на Онкологија Нино Васев, три лица избегале во странство

Редакција

Убава вест: 397 оздравени од Ковид-19

Редакција

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Редакција