еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за здравство бара да се избегнат погребните ритуали за Амди Бајрам бидејќи бил позитивен на Ковид-19

Министерството за здравство синоќа информира дека откако кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека истиот бил позитивен на Ковид-19, Центарот за јавно здравје-Скопје (ЦЈЗ) ги презема сите мерки за заштита и спречување на натамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот.

„Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти. Согласно анкетата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе издаде решенија за изолација за лицата за кои таа ќе биде одредена“, велат од Министерството.

МЗ изразува сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби.

„Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Амди Бајрам бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана состојба“, се наведува во соопштението.

На починатиот му бил земен брис, а резултатот потврдил присуство на вирусот Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19

Почина Амди Бајрам

Амди Бајрам ги заобиколи ковид-мерките во државата: Направи свадба на внуката на брод на Босфорот со 600 гости

На Амди Бајрам му е ампутирана ногата, за 7 дена имал две операции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антони Пешев избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Редакција

Џафери: Болните пратеници немаа контакт со ниту едно лице во Собранието, присуствуваа според протокол

Редакција