еМагазин
Image default
Локално

Млади девојки газеа грозје за вино и ракија на Тиквешкиот карневал

Над илјада учесници продефилираа на Тиквешкиот карневал во Кавадарци, а млади девојки го газеа грозјето од кое ќе се прави вино и ракија, со што продолжува вековната традиција во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

Винските кралица и крал, министерот за земјоделство Трајан Димковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други гости, симболично откинааа гроздови, кои завршија во големиот сад со грозје, под нозете на девојките.

Во карневалското дефиле кое го проследија гости од земјава и странство, учествуваа 41 група од државата и надвор од неа.

Меѓу гостите, настапија и од соседна Грција, а можеа да се видат маски кои ја одразуваат традицијата на лозаровинарство, претстави на водата и сушата, но и многу други кои го привлекоа вниманието на различни генерации.

Се дегустираше извонредно тиквешко грозје, се наздравуваше со висококвалитетни вина и ракии.

Видео од настанот ТУКА.

МИА/Фото/Фејсбук/Тиквешки гроздобер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Толпа нападна цариници при заплена на цигари и тутун во Тетово

Редакција

Во Кочани се сумираат штетите од синоќешното невреме, градоначалникот Папазов ги повика граѓаните да пријават материјална штета

Редакција

Во сообраќајка кај Страцин загина 53-годишен жител на Македонска Каменица

Редакција