еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Царинската управа одговори за случајот со книгите од Бугарија и со тоа е одговорено на сите прашања

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека дипломатската коресподенција со официјална Софија се одвива редовно и без никакви препреки.

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно – информативен центар во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Од МНР нагласуваат дека на прашањето за конкретниот случај официјално соопштение имаше Царинската управа како надлежна институција и сметаат дека со тоа соодветно е одговорено на сите прашања.

-Како што повеќепати најавивме, Министерството за надворешни работи ќе се воздржи од коментари на јавните настапи во соседството, задржувајќи ја со тоа институцијата и земјава надвор од тековната изборна атмосфера, посочуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во анализата на ИФИМЕС, за која македонскиот амбасадор во Софија беше повикан во бугарското МНР

Влада: Немаме никаква поврзаност со ИФИМЕС, несоодветно е повикувањето на македонскиот амбасадор во бугарскто МНР

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отповикувања и оставки во Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција

Починато лице пронајдено покрај возило на автопатот Велес-Скопје после наплатната рампа Отовица, сообраќајот по една лента

Редакција

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Редакција