еМагазин
Image default
ЖИВОТ

МОН апелира за внимателен избор на туристичките оператори за ученички екскурзии

Министерството за образование и наука достави укажување до сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни кога избираат туристички оператори кои ќе бидат ангажирани за реализација на екскурзиите на учениците, кои се составен дел од воспитно-образовниот процес.

МОН соопшти дека укажувањето е доставено со оглед на „последните случувања, односно сообраќајната несреќа со фатални последици по животот и последици по здравјето на повеќе наши сограѓани“.

Во дописот до училиштата особен акцент е ставен на почитувањето и доследна примена на одредбите од правилниците за организирање на ученичките екскурзии во кои, нагласува МОН, јасно и прецизно се уредени условите и критериумите кои правните субјекти, односно туристичките оператори, треба да ги исполнат и тоа да го докажат со достава на соодветна документација при пријавувањето на јавен повик.

-Посебно внимание е потребно да се посвети на исполнетоста на условите за превоз на групи деца согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца. Во интерес на учениците и подигнување на степенот на нивната безбедност и заштита, училиштата имаат можност да ги контактираат сите надлежни институции и органи доколку се појави потреба за какви било дополнителни консултации и сугестии, наведува МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХЕРА: „Јавна Соба“ и насилството меѓу младите е АЛАРМ за воведување сексуално образование

Редакција

(Фото) Менструални влошки на автобуските постојки во Скопје – каква е нивната порака?

Редакција

Ниски утрински температури утре и во петок, за викендов “африкански бран“

Редакција