Докторот Фатмир Меџити, спецјалист-невролог на Одделот за главоболка и болни синдроми при ЈЗУ УК за неврологија е кандидатот на Алијанса за Албанците за нов министер за здравство.
Тој доаѓа на местото на Беким Сали, кадар на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри
Образование
Меџити специјализирал неврологија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2015 година.
Лиценцата за медицинска пракса на Комората на лекарите на Македонија ја добил во 2000 година.
Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина во 1999 година.
Работно искуство и политичка кариера
Од 2015 година до сега работи како невролог на Одделот за главоболка и болни синдроми при ЈЗУ УК за неврологија.
Бил член и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од 2017 до 2018 година.
Во 2017 година бил советник на тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците.
Во периодот од 2011 до 2015 година работел како лекар по општа медицина на ЈЗУ УК за неврологија.
Од 2007 до 2010 година бил лекар и управител во ПЗУ „Д-р Фатмир“ во Гостивар.
Од 2000 до 2007 година работел како лекар по општа медицина во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците
Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање
Фото: АА