еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР: Граѓаните кои имаат закажно за документи од 11 до 15 јуни, имаат други термини

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

„Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11 јуни) до 16 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат денеска (5 јуни) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат утре (6 јуни)  на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11 јуни до 16 часот или од 16 јуни,“ информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“: Волшебно место за децата и возрасните

Редакција

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

Редакција

За што се работи во предметот “Поштенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција