Организаторот, Скендеровски продукција, кој стои позади проектот „Македонијо, во срце те носиме” соопшти дека најавениот концертен караван започнува со концерт во Штип, на 6. септември.
Потоа следат концерти во Битола на 13. септември, во Велес на 20. септември, во Прилеп на 27. септември, во Кочани на први октомври, во Тетово на 4. октомври, во Скопје на 11. октомври, и во Кавадарци, за каде точниот датум дополнително ќе биде соопштен.
Во рамки на проектот 12 пејачи снимија познати стари македонски и патриотски песни со нов аранжман, а меѓу нив и Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зуица Лазова во изведба на „Земјо мила“, уште една нумера од „Македонијо во срце те носиме“
Фото: Промо.