еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најчитани на еМагазин за 2021: Прележаните од Ковид-19 може да го пренесуваат вирусот и затоа треба маска и дистанца, вели доктор Беќаровски

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил одговори на прашањето дали може по контакт со заболен, прележаните од Ковид-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот.

„Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите, вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на вашиот нос.

Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

Токму затоа и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите. Затоа, со цел да ја заштите вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста,“ пишува тој на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Илјадници граѓани во Белград им одадоа почит на убиените во училиштето и побараа оставки

Редакција

(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот

Редакција

Макрон: Франција ќе застане покрај Македонија за време на првата меѓувладина конференција

Редакција