еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најголем дел од заразените со ХИВ/СИДА во Македонија се мажи на возраст од 20-39 години, од Скопје и Тетово

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1987 година до 30.11.2022 година покажуваат дека се регистрирани вкупно 580 случаи на ХИВ/СИДА.

„Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ.

Кумулативно, од регистрираните случаи, 516 (89,0%) се од машки пол, 63 (10,9%) се од женски пол, а регистрирано е и едно трансродово лице. Високото пропорционално учество на машки лица во бројот на новорегистрирани случаи е тренд во изминатите 15 години.

Дистрибуцијата по возраст укажува дека најзафатени се сексуално активни лица на возраст од 20-39 години, кои чинат речиси три четвртини од дијагностицираните случаи (73,4%, n=426).

Кумулативно, најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје (n=271), Тетово (n=35), Прилеп (n=29), Штип (n=28) и Куманово (n=28).

Во периодот од 1987 до 30.11.2022 година, вкупно 123 од дијагностицираните лица во Македонија починале поради причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 21,2%.

Кумулативно според начинот на трансмисија, најголем број од случаите (вкупно – 347 или 59,8%) се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 189 случаи (32,6%)“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Состојба со ХИВ во 2022 година 

Во 2022 година се регистрирани 36 нови случаи на ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 1,96 на 100.000 жители. За споредба, во 2021 година, регистрирани беа 44 нови случаи на ХИВ/СИДА.

“Во 2022 година, од регистрираните случаи, од машки пол се 31, 4 од женски пол, а регистрирано е и едно трансродово лице.

Во однос на возрасната дистрибуција на случаите регистрирани во 2022 година, возраста на новорегистрираните случаи се движи од 20-64 години, а најголема застапеност е кај возрасната група од 40-44 години (n=11).

Најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје (n=14).

Според начинот на трансмисија, најголем број од случаите (n=18) се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 10 случаи.

Во текот на 2022 година, регистрирани се 3 починати лица поради причини поврзани со СИДА“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минусни температури во поголем дел од земјава, денеска ќе биде облачно и студено

Редакција

Тешка сообраќајна несреќа на Пониква: Девојка загина откако џип излета во бездна

Редакција

Кој има поголем пазарен удел Македонски Телеком или А1 Македонија?

Редакција