Пред два дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирусот.
Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација.
И мајката и детето се во добра здравствена состојба и се испишани од болницата. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати.
-На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за Ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус.
Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за Ковид-19.
Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од Ковид – 19, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Пациентката и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката била без симптоми за Ковид-19.
По денешниот позитивен резултата на родилката, земен e брис и од бебето.
Од Клиниката соопштуваат дека и мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани од ЈЗУ У ГАК-Скопје и се во својот дом.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирусот
Од коронавирусот почина пациент од Струшко на возраст од 50 години
Вкупно 1.081: Рекордни 107 нови случаи на заразени со коронавирусот, дури 44 во Куманово