Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој последен се обрати пред Комисијата за уставни измени, на која се расправаше за третиот нацрт-амандман за промена на Уставот, неколку пати беше предупреден од претседателот на Комисијата, Талат Џафери дека неговата дискусија не се однесува за амандманската расправа.
Ѓорчев, до крајот на неговиот говор, читаше бројки од излезноста на референдумот во скоро сите општини поединечно за што сметаше дека граѓаните се изјасниле против Договорот со Грција
Комисијата денеска со 10 гласови „за“ и два „против“, доцна попладнево го поддржа амандманот 35 со кој се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави.
МИА/Фото: Собрание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
Усвоен и третиот нацрт-амандман со кој се гарантира суверинитетот на Грција