еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

На Кораб се поставува зимска маркација што ќе ја зголеми безбедноста на скијачите од лавини, но е корисна и за планинарите

На Кораб се поставува зимска маркација, што е ново поглавје во приказната High Scardus Trail, што претставува транснационален планински туристички производ кој ги поврзува планинските масиви во пограничните области на Албанија, Македонија и Косово.

Од бачилото, кое се наоѓа на подножјето, до под врвот се поставуваат 300 столбови на не повеќе од 50 метри растојание.

„Столбовите се обоени во жолта и црна боја, бидејќи зимно време прават контраст во однос на снегот. Овие столбови се предупредување за лавинска опасност, а во горниот дел се обоени со црвено-бела и црвена боја што се и патоказ за планинарите, бидејќи ја следат и летната маркација на патеката.

Ќе биде изработена и мобилна апликација, секој столб ќе биде нумериран со број и кју ар код. Кога ќе се скенира кју ар кодот, мобилната апликација автоматски кажува каде сте и кажува на пример дека до следен столб има агол од 30 степени на на пример 20 метри.

Столбовите во горниот дел од патеката ќе бидат погусто поставени, бидејќи во долниот дел, ориентација е патот,“ вели менаџерот на проектот, Костантин Циривири за „еМагазин“.

Столбовите до највисоките делови се транспортираат со коњи, до баџилото има пристап со возило, но патот за возење е предизвик. Но, тежината на организацијата станува лесна кога ја работат вистинските луѓе, и кога се работи за безбедност на планина.

Проектот е финансиран од ГИЗ Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Националниот парк „Маврово“ ги збогатува содржините за авантуристички туризам: Се подготвува „Виа ферата“

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Малешевијата топ дестинација за планински туризам: Патеки во должина од 250 километри, поставени 1.000 патокази, 500 маркациски столбови

„Хај скардус треил“ ги поврзува Албанија, Македонија и Косово со можности за планинарење во должина од 495 км

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фамилијата Заеви во новогодишна атмосфера

Редакција

Третата доза може да почека: Експертите советуваат најпрво да се имунизираат невакцинираните

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 24 службеници

Редакција