еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Попова Шапка 88 сантиметри снег, во Маврово 49

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка каде се измерени 88 сантиметри, потоа во Маврово 49, Пожаране 22,  Крушево 19, Гостивар 7, Тетово 5, и Дебар 4 сантиметри.

Најстудено утрово било на Попова Шапка со измерени -5 степени целзиусови и во Маврово со измерени – 2 степени, а најтопло во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Дојран, Штип, Демир Капија, каде се измерени 4 степени целзиусови.

Во текот на ноќта и утрово времето се задржа облачно со врнежи од дожд претежно во првиот дел од ноќта и повеќе на северот и истокот од земјата.

Претпладнево ќе има слаб локален дожд на југоистокот и повремен снег во планинските региони.

Преку денот во западните делови на планините ќе има слаб снег, а понекаде на повисоките места повремено ќе се изменуваат дожд и снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција

На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелираат од МВР

Редакција

Генералниот штрајк на ССМ продолжува со блокада на влезот на Скопје во Автокоманда

Редакција