еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје од 4%

Во третото тримесечје од годината цените на становите растат со стапка од 4%, што е поумерено во споредба со годишниот раст од претходните три месеци, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа мал раст во вториот квартал од годината, а зголемување се забележува и кај вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради. Од аспект на побарувачката, и во третиот квартал на 2019 година, побарувачката на станови беше поддржана од солидниот раст на станбените кредити“, се вели во извештајот.

Народната банка ги мери цените на станови преку таканречениот Хедонички индекс врз база на огласите за продажба во главниот град, а објавен од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. Цената на станот е функција од големината, населбата во која се наоѓа, катот, дали станот има централно парно греење и дали станот е нов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската амбасадорка Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

„Виа инжинеринг“ го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор за изградба на урбана заедница во Неготино вреден 1,3 милиони евра

Редакција

И официјално: Само поради Бугарија нема датум за преговори со ЕУ

Редакција