Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека во Дебар ќе се направи скриниг на 20 до 30 отсто од вкупниот број на население за да се процени имунитетот на граѓаните, што ќе даде насоки за тоа, што може да се очекува на ниво на цела држава.
Тој рече дека донацијата од 20.000 тестови ќе овозможи анализа на создадените антитела кај граѓаните, имајќи предвид дека поради преземените рестриктивни мерки, ограничени движења веќе десетина дена во Дебар нема новозаболени, а заболените се на добар пат да оздрават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник
Убава вест: Во Дебар деветти ден без новозаразени со корона вирусот
(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140
Фото: Општина Дебар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.