Имајќи предвид дека од Индија и Јапонија пристигнуваат информации дека лекот „favipiravir“ е ефикасен во борбата со корона вирусот, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека нашите фармацевти ги проучуваат студиите поврзани со овој лек.
Доколку се види дека има поткрепени докази во неговата ефикасност, тој лек би се набавил и кај нас.
Според пишувањата на странските медиуми, овој лек значително го скратува времето во борбата против корона вирусот и пациентите чувствуваат подобрување, побрзо од сегашните три недели лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС
Филипче: Респираторни машини има, новата набавка заглави во Бразил но ќе пристигнат од Кина
Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба