еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Сакам да кажам објави дека истрагата за тепачката во која настрада секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, засега има само една верзија, неговата, а тој како што соопшти Јавното обвинителство пред неколку дена, изјавил дека поводот бил од омраза оти бил Бугарин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од напаѓачите на Пендиков го удрил по глава и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“, велат за ицидентот во Охрид од Обвинителството

Од Обвинителството за СДК велат дека ја објавиле првичната верзија од истрагата под притисок на јавноста, сакајќи на Бугарија да ѝ покажат дека се транспарентни, особено што случајот со натепаниот осомничен за наркодилерство доби меѓународна димензија.

„Се бараат докази, по што ќе се знае дали таа изјава на оштетениот ќе опстои, ќе се потврди, или нема да има кривично дело од омраза.

Но, за тоа ни треба стабилна изјава, а не еднаш беа двајца, па беа тројца, па петмина, па сам главниот осомничен го тепал.

Тие двајца или тројца се важни сведоци за мотивите за нападот и повредувањето на Х. П.“, велат од Обвинителството.

Главниот осомничен и неговото друштво во полиција биле познати тепачи, пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, објави СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

Преседан е начинот на кој Пендиков е изнесен од државата, вели адвокатот Туфегчиќ

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ

Редакција

Панел дискусија „Лидерство во политиката, бизнисот и спортот“ – Дали има заеднички именител?

Редакција

РЕС располага со сопствено производство на електрична енергија и нуди најповолни цени за снабдување

Редакција