Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, на патот на нашата евроинтеграција, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска унија, изјави денеска во Прилеп, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
-Мислам дека е неевропски, предизвик на македонкиот јазик да стане пречка на нашатра европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска унија.
Мора мудрост и почит, нема пријателство без взаемна почит. Сите што сакаат македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, а ние зборуваме македонски јазик.
Без елементарна почит не може да се развива блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, соседна или подалечна, нема право да се меша во нашето право на самоопредлување, изјави Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За бугарскиот европратеник Ковачев на 11 Октомври, Србин убил Бугарин, родина на Даме Груев
Ако Бугарија не го промени ставот, преговорите со ЕУ може да не почнат, вели Заев
Фото: Фејсбук/Димитров