еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради сериозноста со коронавирусот не патувајте во Северна Италија, препорачува МНР

Министерството за надворешни работи (МНР), согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на нашата држава во Венеција – Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, препорачува нашите граѓани да не патуваат во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

(ВИДЕО) Драстични мерки: 16 милиони луѓе во Италија во карантин поради коронавирусот

Во соопштението на МНР исто така се препорачува граѓаните да избегуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија.

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Како што информира МНР, нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

Во таа насока се одложува фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирусот стигна и во Бугарија, заразени четири лица

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција се искачи на 73 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) За само неколку часа Силјановска собра над 10.000 потписи за претседателската кандидатура

Редакција

Во анкетниот лист на Црвенковска, претседателката на Судскиот совет го нема кредитот на нејзниот сопруг

Редакција

Каков имот пријавил директорот на “Паркови и зеленило“, Зухејр Реџепи, кој поднесе оставка

Редакција