еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Некои чудни „бомби“ на два дена пред избори: Кој е Илија Громовник?

Не стивнуваат реакциите во македонската јавноста по вчерашната објава на новите „бомби“, поставени на руската социјална мрежа vk.com, (ВКонтакте), а зад чија објава беше потпишан извесен „Илија громовник“.

Новите „бомби“ според објавата, наводно, се однесуваат на поранешниот премиер и претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за внатрешни работи и професор Љубомир Фрчковски, аналитичарот Алберт Муслиу

По објавата се поставуваат прашањата кој е Илија Громовник, зошто е избран тајмингот за објавата на новите „бомби“ на само два дена пред одржувањето на претседателските избори, кој поседува прислушувани материјали освен истражните органи, колку уште прислушувани разговори има кои не се откриени…

При барањето одговори на овие прашања не треба да се заборави дека додека траат изборите, во тек се и преговори околу судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и дека власта и опозицијата по десетина состаноци се уште не можат да се договорат по ова прашање.

Во суштина двете страни преговараат за кои случаи во иднина ќе има мандат СЈО односно дали дел од предметите отворени против високи државни функционери ќе бидат ставени под тепих.

Исто така, не треба да се заборави на можноста прислушуваните разговори и во иднина да се користат за политичко поткусурување, што би било катастрофално по политичкиот живот во земјава, бидејќи важни државни прашања би се решавале под притисоци и уцени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) На You tube има уште две нови „бомби„

Ќе има ли нови „бомби„?

(АУДИО) „Експлодирааа“ нови „бомби“ со Црвенковски, Спасовски, Фрчковски, Јанкулоска…

„Бомбите“ ќе пукаат по потреба: Кој се ги поседува освен СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОРТРЕТ: Која е Славјанка Петровска, заменик министерката за внатрешни работи

Редакција

(Вознемирувачко видео) Нова масовна гробница во село во околината на Киев

Редакција

На Клиниката за онкологија е тешко и за пациентите и за кадарот, оцени Таравари

Редакција