еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Нема правда, нема датум, нема ЕУ

Сите политички партии во Македонија наводно се за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да продолжи да работи и да гони висок криминал, корупција, државни функционери…, ама ете и по неколку месеци уште не се договориле за Законот за јавно обвинителство, кој ја одредува судбината и иднината на СЈО.

За патните трошоци одма се договорија.

На земја како Македонија не и треба едно, туку неколку СЈО-а. Кој го спречува Јавното обвинителство да биде новото СЈО? Никој.

Да се разбереме, функционирањето на правдата во Македонија не го бараат само од Холандија, Франција…, и македонските граѓани го бараат истото, што е многу поважно.

Со децении граѓаните чекаат правда и да ги видат зад решетки тие што и огрешиле и ја ограбиле оваа држава.

А такви ги има многу. И истите уште лабаво си се шетаат натаму-наваму, а некои од нив по медиумите дури се прават експерти и солат памет, а се криминалци со тапија.

Да, македонските граѓани го имаат секое право да и бидат лути на Европската Унија што и овој пат не зезна со датумот за старт за преговори, но со сигурност уште повеќе се лути дека правда уште не видоа.

Така да од власта наместо да прават драми со датумот и да не замараат со баналности, да се фатат за работа, да покажат вистинска политичка волја и да покажат дека и кај нас навистина може да функционира правната држава.

Истото важи и за опозицијата, таа најамногу замара со глупости. Има милион начини како и таа може да покаже дека навистина и мисли добро на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

ЕУ експерти: Одлагањето на датумот за Македонија е грешка која не смее да се повтори

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја достави предлог-преговарачката рамка до Собранието, Протоколот не го спомнува

Редакција

На менаџментот на Прилепска пивара лани исплатени 24,5 милиони денари

Редакција

(Галерија) Ракометарите кај Пендаровски: Државата секогаш ќе ви биде дом, нема да заборави што направивте за неа

Редакција